Новата косовска влада ќе се состави во септември

Лидерот на Алијасата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај најави дека новата влада ќе биде формирана во втората половина на септември. Според него, неговата партија ќе коалицира со Демократскиот сојуз на Косово и Иницијативата за Косово.

Тој ја отфрли можноста во новата влада да влезе и Демократската партија на Косово на актуелниот премиер Хашим Тачи. Харадинај изјави дека дијалогот со Србија ќе продолжи бидејќи само преку него Косово ќе може да ги постигне зацртаните цели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.