Новата палата на Ердоган е луксуз според 32 отсто од неговите обожаватели

Триесет и два проценти од симпатизерите на конзервативно исламистичката Партија на правдата и развојот сметаат дека новата палата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е непотребен луксуз и трошење пари, покажуваат резултатите од анкетата, спроведена од агенцијата Метропол во 29 области на Турција.

Како што јавува МИА, повикувајќи се на резултатите од анкетата, шеест и еден отсто од сите турски граѓани сметаа дека палатата е луксуз.

За изградба на палатата се потрошени една милијади и 370 милиони турски лири.

Незадоволство турските граѓани изразуваат и во врска со сириските бегалци. Шеесет и седум отсто сметаат дека политиката на конзервативната Влада на премиер Ахмет Давутоглу по ова прашање е погрешна.

Резултатите од анкетата покажуваат намалување на поддршката за процесот за мирно решавање на курдското прашање, кој турската Влада го води со лидерот на Курдската работничка партија, Абдула Оџалан.

Четириесет отсто од анкетираните симпатизери на Партијата на правдата и развојот не ја одобруваат политиката на Владата во врска со курдското прашање.