Новата вакцина против ебола ќе се тестира врз луѓе

Канадски и американски научници почнуваат тестирање врз луѓе на новата вакцина против ебола, соопшти канадската Влада.

Вакцината се разработува неколку години во лабораторија во канадскиот град Винипег, во државата Манитоба и е наречена ВСВ-ЕБОВ. Вакцината веќе успешно е тестирана на животни.

За спроведување на клиничките тестови на новата вакцина ќе биде користена група доброволци во клинината во градот Халифакс, Нов Шкотска.

Паралелно вакцината ќе биде тестирана и во Националниот здравствен институт на САД и во Истражувачкиот институт на американската армија „Волтер Рид“.

Првите резултати од тестовите се очекуваат во 2015 година.