Новата верзија на филмот „Волкот од Вол Стрит“ трае полни четири часа

ДВД верзија на филмот „Волкот од Вол Стрит“ ќе трае дури саат време подолго од верзијата во кино. Кој има време и сила, може да го гледа Ди Каприо полни четири часа.

Филмот во кој има рекордни 506 пцости, ќе излезе на ДВД и блу реј диск на пролет, па се претпоставува дека Леонардо ди Каприо и екипата ќе го соборат поставениот рекорд во пцуење.

Продуцентската куќа најави дека сцените во филмот ќе траат подолго, па вкупната должина на филмот ќе биде повеќе од четири часа.

„Во подолгата верзија појасно ќе се види неговата желба да заработи што е можно повеќе пари, како и неговата рамнодушност спрема луѓето кои ги изневерил,“ изјави Џоји Мекфарлан, еден од продуцентите.