Новата власт во Киев не е способна да реши ниту еден од проблемите на Украина

Новите власти во Украина не се способни да решат ниту еден сериозен проблем, настанат како резултат на политичката криза. Ваквата оценка е дадена во соопштението на украинската Партија на регионите, пренесува „ИТАР-ТАСС“.

„Ниту еден од превземените чекори не е ефикасен, не придонесува за спречување на ескалацијата на конфликтот во јужниот и источниот дел на земјата, а донесените кризни решенија доведоа до интензивирање на тензиите во општеството“, се вели во документот.

Како пример партијата ја наведува распределбата на позициите во Кабинетот на министрите, поништувањето на законот за јазиците, што предизвика гнев меѓу рускојазичното население на Украина, како и „политичките репресии и насилството по улиците на градовите“.