Спорт

Новески фудбалер на годината, Блажевски најдобар во Македонија

Новески фудбалер на годината, Блажевски најдобар во Македонија

Репрезентативецот на Македонија и капитен на германскиот бундеслигаш Мајнц, Николче Новески на 24 декември и официјално ќе биде прогласен за најдобар фудбалер на Македонија за 2013 година.

Управниот одбор на ФФМ одлучи наградата за најдобар фудбалер во домашното првенство да заврши кај напаѓачот на Хоризонт од Турново, Дејан Блажевски, кој освои повеќе гласови од капитенот на работнички Крсте Велкоски и од фудбалерот на Ренова, Изаир Емини.

ЛИСТАТА НА НАЈДОБРИТЕ ЗА 2013 ГОДИНА

ФУДБАЛЕР НА ГОДИНА
Николче Новески (Мајнц)

НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР ВО ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ
Дејан Блажевски (Хоризонт Турново)

НАЈДОБАР ТРЕНЕР
Благоја Милевски (Вардар)

НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ
Јован Костовски (Вардар)
НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО МЛАДИНСКИ КАТЕГОРИИ
Александар Васоски

НАЈДОБАР МЛАД ФУДБАЛЕР
Ѓорѓи Зајков (Работнички)
НАЈДОБАР КЛУБ ВО МЛАДИ КАТЕГОРИИ
ФК Металург

НАЈДОБРА ФУДБАЛЕРКА
Наташа Андонова (Турбине Потсдам)

НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
Астрит Мерко (АС Јунајтед)

НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
Елена Јаковска

НАЈДОБАР ФУТСАЛ ТРЕНЕР
Зоран Лекиќ (Железарец)

НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР ВО ФУТСАЛ
Драган Петровиќ (Скопје 2011)

ФУДБАЛСКИ РАБОТНИК НА ГОДИНАТА
Драган Поповски (претседател на ФК Работнички)

ФЕР ПЛЕЈ ЕКИПА
ФК Работнички

НАЈДОБАР СУДИЈА
Димитар Мечкаровски

НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО
Андон Дончевски (прв селектор на македонската репрезентација)