Спорт

Новески го кажа своето “збогум” во дресот на Мајнц

Новески го кажа своето “збогум” во дресот на Мајнц

Иако викендов очите на спортската јавност ширум Европа беше фокусирана на Стивен Џерард и неговиот последен натпревар за Ливерпул, сепак тоа не беше единствениот кој по долги години се прости од своите фанови.

Бундеслигашот Мајнц се прости од својот капитен, македонецот Николче Новески кој мина цели 11 години во германскиот клуб.

Бундеслигата излезе со свое видео од ова збогување на поранешниот македонски репрезентативец и го според моментот со оној на Џерард. Новески го одигра последниот натпревар пред домашната публика во дресот на Мајнц.