Новески последна пречка за Робен, Рибери и Манџукиќ

Четри погодоци, три во гостинската и еден во домашната мрежа, беа постигнати на премиерниот натпревар од 26. коло во германската Бундес лига, дуелот помеѓу директните ривали во бобата за опстанок, Фрајбург и Вердер од Бремен.

Репрезентативецот на Македонија и капитен на Мајнц, Николче Новески, денеска ќе се обиде да излези како победник во дуелот со напаѓачите на актуелниот шампион и лидер на првенствената табела, тимот на Баерн (М).

Иако сите сме свеси дека Новески ќе даде се од себе, мала е веројатноста дека нашиот интернационалец и неговиот тим ќе успеаат да стават крај на победничката серија на баварскиот гигант кој не знае за пораз во последните 50 натпревари.

Тешко гостување во Хановер, ќе има вицешампионот на Германија, тимот на Борусија од Дортмунд, кој е под силен притисок и само со победа може да ја зачува втората позиција на табелата.
Од сите фаворити, најлесна задача, но на хартија, би требало да има тимот на Шалке, кој игра на домашен терен и важи за апсолутен фаворит во дуелот со фенерџијата на табелата, тимот на Брауншвајг.
Денеска на програмата: Хановер – Борусија Д., Мајнц – Баерн М., Шалке – Брауншвајг, Штутгарт – Хамбургер, Волфсбург – Аугсбург, Борусија М. – Херта.