Норвежанка – прва жена на „сини шлемови“ на ОН

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун ја назначи Норвежанката генерал Кристин Лунд за шеф на силите на ОН за поддршка на мирот во Кипар.

Лунд (56) ќе биде првата жена командант на мировни сили на ОН.

Таа во средината на август ќе го замени кинескиот генерал Чао Лју. Кристин Лунд има 34-годишен стаж во норвешката армија и силите на ОН. Била заменик командант на норвешките копнени сили од 2007 до 2009 година. Служела во силите на ОН во Либан и во поранешна Југославија.