Македонија

Нови 1.359 потврди за барање азил

Нови 1.359 потврди за барање азил
СЕП: Сите процеси за транзитирање на мигрантите низ Македонија се коректни
Во текот на вчерашниот ден се издадени 1.359 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Како што се наведува во соопштението на МВР во период на 24 часа вчера се издадени потврди на вкупно 1.359 странски државјани, од кои 570 од машки пол, 327 од женски, 447 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште петнаесет деца кои патуваат без родител, на кои е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Меѓу лицата на кои се издадени потврди, најголем број се државјани на Сирија – 595, Авганистан – 442 и Ирак – 322.

Во текот на изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 1 до 8 јануари годинава издадени се потврди на вкупно 17.167 странски државјани, од кои 7.155 се од машки пол, 3.623 се од женски, 6.322 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 67 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството најголем број на потврди се издадени на државјани на Сирија – 7.280, Авганистан – 6.248 и Ирак – 3.639.

Во месец јануари годинава до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.