Нови 100 контејнери за Штип, вредни 810.000 денари

Продолжува поставувањето на нови контејнери за пластична амбалажа низ Штип како и обезбедување на нови канти за отпадоци за граѓаните. Во присуство на градоначалникот на Штип Илчо Захариев и В.Д. Директорот на ЈП „Исар” Ангел Бојаџиев, денес беа презенетирани новите 100 контејнери со зафатнина од 1,1 м/3 од германскиот производител ESSE, пренесува „1.мк”.

– Кога е во прашање хигиената нема компромиси, така што и понатаму ги охрабрувам одговорните од јавното претпријатие со сите вработени да бидат макисмално подготвени да имаме чист и убав град. Мислам дека хигиената е на задоволително ниво а со ваквите активности, со обезбедувањето на садови за отпад, се овозможува покривање на сите места во градот, за да можат граѓаните да го фрлаат отпадот на соодветните места. Секако и самите ние треба да бидеме свесни дека личната но и градската хигиена зависи пред се од нас самите, така што ако помалку загадуваме, многу побргу ќе се чисти и екипите на ЈП „Исар” ќе можат навреме да стигнат секаде, изјави градоначалникот Захариев.

– Инвестицијата изнесува 810.000 денари и планирано е во текот на наредните денови екипите на јавното претпријатие ќе ги заменат старите и веќе неупотребливи контејнери со новите садови за отпад на повеќе локации, изјави Ангел Бојаџиев, в.д. директор на ЈП „Исар”.

Замената ќе се врши во централното градско подрачје, во населбата Автокоманда, улица Борис Кидрич и улица Партизанска, околу локалиетот Дујле како и на улицата Сремски фронт. Старите и оштетени контејнери ќе бидат репарирани, исчистени и дезинфицирани и ќе бидат поставени на местата каде постои потреба од нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.