Нови 100 милиони евра за македонските фирми од ЕИБ

Македонската банка за поддршка на развојот ќе ја пласира и четвртата транша на поволни кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) наменeта за македонскиот бизнис сектор.

Оперативниот директор на Македонската банка за подршка на развојот, Бесим Билали денеска информира дека нови 100 милиони евра ќе бидат пласирани со четвртата трнша, која е потпишана во декември минатата година.

„Третата транша ја завршивме пред еден месец и новиот договор за четвртата транша е потпишан на 31 декември 2013 година. Веќе сме во фаза на прибирање апликации, имаме доста апликации и тие за брзо време ќе бидат исплатени и реализирани од реалниот сектор“, изјави  Билали.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.