Македонија,Економија

Нови 100 вработувања во Пекабеско

Нови 100 вработувања во Пекабеско

Најголемиот производител во сувомесната индустрија и лидер во дистрибутивно – логистичката дејност Пекабеско е постојано отворен за нови вработувања.

Две години по отворањето на новиот Производствено логистички центар, водечката компанија во бизнисот со производство на сувомесни производи и дистрибуција Пекабеско веќе реализираше 100 од предвидените 200 нови вработувања.

 Како што беше најавено од страна на Првиот извршен директор на Пекабеско, Слободан Кутревски за време на свеченото отворање на новиот Центар во ноември 2012 година, компанијата отвори повеќе огласи за вработување на лица од различни профили, неопходни за постојан развој на компанијата, како и за континуирано унапредување на квалитетот и зголемување на процесот на производство.

Пекабеско е постојано отворен за нови вработувања. Сите заинтересирани можат да испратат своја кратка биографија на една од следните e-mail адреси: pravna@pekabesko.com.mk или cv@pekabesko.com.mk, како и на поштенската адреса на компанијата: Ул. 10 бр. 44; Кадино, Илинден.

Производствено – логистичкиот центар на Пекабеско е инвестиција вредна 13 милиони евра и е со површина од 19.700 м2. Повеќе од половината или 10.500 м2 припаѓаат на производствениот дел, а на дистрибутивните складишта 5.600 м2. Центарот ги исполнува сите европски и HACCAP  стандарди за производство на сувомесни производи, а Пекабеско постојано ја збогатува својата палета на производи според барањата и вкусот на потрошувачите.

Pekabesko proizvodi