Нови 11 жртви на студот во Полска во последните 24 часа

Студот кој ја зафати Полска на почетокот на јануари ги однесе првите жртви, а во последните 24 часа, 11 луѓе починаа, соопшти Центарот за безбедност при полската Влада.

Изминатата ноќ, температурата се спушти и до 20 степени под нулата, а жртвите се главно бездомници .

Бројот на жртви во последните 24 часа го зголеми тивкиот убиец, односно јаглерод моноксид, гас без мирис што излегува од неисправните печки и грејни инсталации, поради што едно лице почина.

Снегот и мразот го отежнаа сообраќајот, а на патиштата низ Полска излегоа илјада возила за одржување на патиштата, кои го расчистуваат снегот и ги посипуваат сообраќајаниците со сол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.