Македонија,Економија

Нови 140 милиони евра за поддршка на земјоделците во 2014-та

Нови 140 милиони евра за поддршка на земјоделците во 2014-та

Македонската Влада и во 2014-та година со силна поддршка во земјоделието. Годинава која изминува се распределија 135 милиони евра, а премиерот во новогодишното обраќање најави уште поголема сума за наредната година.

„Ако во 2013-та се распределија 135 милиони евра, веќе во 2014-та планирани се нови 140 милиони евра за натамошен напредок на македонското земјоделие. Легализацијата на објектите за земјоделска намена и подршката за креирање земјоделски задруги како и подобрувањето на квалитетот на семениот матерјал и вештачките ѓубрива се наш фокус на внимание со кој очекуваме уште повеќе приноси. Се донесе и закон со кој земјоделците можат да си го купат земјиштето кое го имаат под концесија“, истакна премиерот Груевски.

Наводнувањето е огромен предизвик на кој најави дека посветено ќе работи во 2014-та, но и во годините по неа.