Нови 140 студентски места во „Стив Наумов“

Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ги пуштија во употреба новите сместувачки капацитети во состав на студентскиот дом „Стив Наумов“. Студентите добија осум нови павиљони со 26 соби. Инвестицијата вредна 103 милиони денари ја обезбеди Министерството за образование и наука.

Во четири од сместувачките објекти има 10 соби а во останатите 16 соби. Во секој од објектите има посебни соби и за лицата со посебни потреби.

 „Објектите се изградени по највисоки стандарди. Врз основа на проекциите постои можност за сместување на 140 студенти но исто така  и за надградба во делот на креветите. Во следниот период во рамки на новиот оглас за сместување од октомври ќе бидат сместени студенти од целата држава кои ќе аплицираат“,  истакна министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој заедно со премиерот Никола Груевски и директорката на студенскиот дом  ги посетија објектите.

Според министерот, целиот простор кој опфаќа 2.000 метри квадратни ги задоволува стандардите за квалитетно студентско сместување.

stiv-1

stiv-2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.