Нови 18 милиони евра за земјоделците од ИПАРД програмата

На македонските фармери на располагање им стојат нови осуманесет милиони евра преку мерките 101, 102 и 302 од ИПАР- програмата за развој и осовременување на нивното производство, доколку сакаат да го унапредат својот агро – бизнис, објави ТВ „Алфа“

Јавниот повик е објавен пред два дена и ќе трае до петти мај. За квалитетно аплицирање на фармерите,  советодавно  им стојат на располагање околу осумдесет стручњаци од Агенцијата за поттикнување развојот на земјоделското производство.

Со финансиската поддршка од Владата, овој пат условите на овие мерки, се уште поповолни. Новост е и гарантниот фонд кој што го обезбеди Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство, во кој што, средствата за почетна инвестиција земјоделците не треба да ги обезбедат сами, туку  ќе ги обезбедува ресорното министерство за земјоделство.

Целта на финансирањето на македонскиот  аграр преку ИПАРД- програмата од европските фондови,  е поддршката на руралниот развој и зајакнување на конкурентноста на земјоделското производство и прехранбениот сектор.