Македонија,Политика

Нови 180 автобуски постојки во Скопје

Нови 180 автобуски постојки во Скопје

Вкупно 180 од планираните 226 нови автобуски постојки се поставени во главниот град.

Со проектот е предвидено да се заменат старите и дотраени стојалишта и на нивно место да се постават нови, изработени според светските стандарди и далеку побезбедни за корисниците на јавниот градски превоз.

Проектот кој стартуваше пред една година, сега е во напредна фаза, а со него се опфатени три вида стојалишта.

Новите стојалишта имаат повеќе елементи. Настрешница, клупа за седење, корпа за отпадоци, но и информативна табла.

Минатиот период ЈСП комплетно го обнови возниот парк откако беа набавени повеќе од 300 нови едноподни и двокатни автобуси од Украина и Кина, проект во кој владата вложи околу 60 милиони евра.