Нови 23 милијардери во листата на „Форбс“

Нема големи промени на листата 400 најбогати Американци која секоја година ја објавува магазинот „Форбс“. Коосновачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, 21 година по ред е на вравот со богатство од 81 милијарда долари. Го следат Ворен Бафет извршен директор на „Berkshire Hathaway Inc“ со богатство од 58.5 милијарди долари и оснмовачот на „Оракл“ Лери Елисон чие богатство се проценува на 41 милијарда долари.

Во однос на предходните листи, последната која се однесува на 2013 година содржи 23 нови Американци милијардери меѓу кои најбогат е Јан Коум со богатство од  7,6 милијарди долари. Тој е основач на компанијата „WhatsApp“. Од новите милијардери три се жени: Елизабет Холмс, Карен Џонсон Бојд и Џозефин Луис.

Најмлади милијардери се 30-годишните Дастин Московиц (54.место) со богатство од 8.1 милијарда долари и Марк Џукерберг (11. место) со 34 милијарди долари. И двајцата се коосновачи на „Фејсбук“.

Цукерберг е милијардер кој најмногу го зголемил неговото богатство од 2013 година, поточно од 15 на 34 милијарди долари.

Најмлада жена милијардерка е 30-годишната Елизабет Холмс (110. место), основач на „Theranos“.

Најстариот милијардер е Дејвид Рокфелер Сениор (190. место) кој има 99 години и богатство од три милијарди долари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.