Нови 30 дена притвор за ексразузнавачот Верушевски

Нови триесет дена притвор доби екс разузнавачот Зоран Верушевски. Судија во претходна постапка му го определил притворот за делата шпионажа и насилство спрема највисоките државни органи, објави порталот 24 Вести.

Одлуката доаѓа по изминувањето на првите триесет дена кои Верушевски ги издржа во притвор откако беше приведен кон крајот на минатиот месец под сомнение за нелегално поседување на оружје.

Неговата одбрана се уште не доби одговор од обвинителството и покрај тоа што тврдеше дека доставила потврда дека пиштолот пронајден кај екс разузнавачот е заведен во регистарот на МВР, а реагира и на низа недоследности.

Зоран Верушевски е првоосомничен во случајот „Пуч“ заедно со неговата сопруга и еден вработен во општина Струмица. Четвртоосомничен е лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Неодамна во рамки на истата акција беа уапсени уште две лица, функционери во Министерството за внатрешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.