Нови 30 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Нови 30 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“
Нови 30 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Нови 30 наслови кои на читателите им овозможуваат патување низ времето беа промовирани денеска во рамки на едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.

Премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на промоцијата истакна дека книгите од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ трајно го збогатија македонскиот книжевен фонд. Со денешната промоција на македонските читатели достапни им се 472 од предвидените 560 книги.

Реализацијата на проектот треба да финализира до крајот на годината. Сите дела имаат значаен придонес и на уникатен начин го збогатуваат македонскиот книжевен фонд. Писменоста е благослов кој го овозможува чокевиот напредок, а оваа 12-та промоција придонесува за тоа, истакна премиерот Никола Груевски.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека најдоброто од светската литература им е достапна на македонските читатели.

Професорот Ратко Дуев рече дека новите промоции на книги на македонски јазик се доказ дека јазикот нема да ја доживее својата пропаст.

knigi-promocija4-500

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.