Нови 4.000 мигранти во Пиреја

Грчката крајбрежна стража соопшти дека синоќа во Пиреја пристигнал брод со околу 1.700 мигранти и бегалци од грчкиот остров Лезбос, како и дека се очекува денес да пристигне втор брод со уште 2.500 мигранти.

Секојдневно во просек по 1.700 мигранти

Речиси секојдневно ова лето на грчките острови во источниот дел на Егејско Море од Турција просечно пристигнуваа околу 1.700 мигранти. Таа бројка во август се искачи и до 2.000.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во вчерашниот телефонски разговор со францускиот колега Франсоа Оланд истакна дека прашањето со бранот беглаци треба да биде разгледан на највисоко европско ниво, пренесува МИА.

За денес е закажана специјална седница на привремената Влада предводена од Василики Тану.

Нормализиран транспортот на мигранти

Состојбата со транспортот на мигранти од јужната граница кон Табановце вчера беше нормализирана.

migranti1-650x310По вчерашниот наплив на поголемата група во чиј превоз мораа да бидат вклучени автобуси и такси возила, мигрантите повторно патуваат со железница од платформата на прифатниот камп во близина на границата со Грција каде поради евиденција се задржуваат по неколку часа.

Од железничката станица информираа дека во текот на завчерашниот ден со возови до границата со Србија биле превезени околу 2.000 мигранти и дека денеска пред нешто повеќе од еден час кон Табановце заминал уште еден воз со околу 800 мигранти.

Приближно со оваа бројка се совпаѓаат и проценките на УНХЦР и меѓународниот Црвен крст според кои изминатово деноноќие низ земјава транзитирале околу 3.000 мигранти.

Медицинските екипи на Црвениот крст на бегалците им нудат постојана здравствена помош, а нивните активисти секојдневно им делат пакети со храна и вода кои пристигнуваат како донации

Во магацинот на Црвениот крст денеска пристигна донација од 1.000 шишиња со вода, како и донација во храна и лекови.

 

 

Македонското Министерство за внатрешни работи само во текот на вчерашниот ден издало 814 потврди на мигранти за остварување на нивното право за барање азил во земјава. Досега се поднесени вкупно 49 барања за азил.

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.