Нови 48 дивоградби во Кисела Вода добија тапии

Уште 48 дивоградби се легализираа во општина Кисела Вода. Досега, легализирани се  2.586 бесправно изградени објекти, од вкупно  достасани 11.874 предмети.

„Со зголемувањето на бројот на екипи кои излегува на терен и кадровското и техничко доекипирање на Одделението за легализација на дивоградбите кои ги спроведе општина Кисела Вода, се создадени можности за поголема динамика на решавање на предметите, но сепак, без геодетските елаборати кои треба да ги достават граѓаните, процесот е оневозможен“, посочуваат од општина Кисела Вода.

Оттаму апелираат до сите сопственици на дивоградби да не го чекаат последниот рок, кој согласно последните законски измени е до крајот на 2015 година.