Инвестиција вредна 15 милиони евра и 500 нови вработувања

Договор за инвестиција на американската компанија од автомобилската индустрија Делфај, која ќе инвестира во Бунарџик денеска беше потпишан во просториите на Владата.

Планирно е фабриката да започне да се гради во јануари 2016 година, а производството да започне околу втората половина на 2016 година.

Премиерот Никола Груевски имаше средба со претставниците на компанијата, по што беше потпишан договорот, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо од македонска, а Луси Тоскани, глобален директор за оперативни активности, од страна на Дејфај.

-Денеска имаме официјално потпишување на договорот за инвестирање на американската компанија Делфај. Оваа компанија во Македонија ќе се реализира во неколку фази. На почетокот компанијата ќе инвестира над 15 милиони евра во нова опрема за производство на електронски компоненти во најпознатите глобални бендови за европскиот пазар и ќе креира до 500 работни места, изјави по потпишувањето на договорот, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.