Нови 69 американски специјалисти ќе ги обучуваат нашите доктори

Продолжува пректот за престој и работа на американски специјалисти во македоснките јавни здравствени установи. Од почетокот на годинава,  17 доктори веќе се присутни во земјава, а наскоро се очекуваат да дојдат уште 12. Министерот за здравство, Никола Тодоров, најави дека во вториот дел од годината траба да пристигнат уште 40 доктори, кои ќе имаат задача да го пренесат своето знаење, искуство и вештини на македонските специјалисти.

„Минатата  година 32 специјалисти од САД престојуваа во земјава и работеа заеднос со нашите доктори во операционите сали и во амбулантите. Координатор на проектот е доктор Енди Сендерс, а дел од екипата се и докторите Дејвид Ларсон, Роберт Хофман, и Марк Кејси. Лорсон е со големо искуство во областа на оториноларингологија и пластичната хирургија.  Со него разговаравме за начинот на специјализацијата на нашите доктори и во овој дел треба да се направат приближувања со нашите стандарди и со стандардите во САД. Неодамна се донесе закон за медицински студии каде што се презеде еден американско германски модел на студирање, кој треба да почне да функционира со почетокот на оваа академска година, од септември. Со експертите од странство ќе се обидеме да направиме поодбрување и во овој домен. Доктор Хофман е специјалист за деца со хормонални нарушувања, а Кејси за инфективни заболувања и хив сида“, истакна Тодоров.

Американските специјалисти, освен во Скопје  држат предавања и работат во јавните здравствени установи и во другите градови од земјава.

„Секаде во светот ресурсите во здравствоот се многу ограничени и поентата на секој специјализат е да знае да управува со ресурсите на најдобар начин, да не прави сериозен трошок и загуба на здравствениот систем, но и да не дозволи пациентите да останат без одредена дијагностика или третман“, посочи Тодоров.

Американските доктори, по нивниот престој изготвуваат посебен извештај, како нивно видувае за начинот на кој работат докторите во земјава.  Тое даваат и препораки за подобрвање на стручното функционирање, но и за организациски аспекти и вештини на докторите. Исто така, се добиваат и сугестии за воведвае или подобрување на нови техники и методи.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.