Нови 72 pешенија за легализација во општина Гази Баба

Општина Гази Баба со денешните 72, има доделено околу 6.100 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на физички и правни лица, од околу 16.000 поднесени барања за легализација од страна на граѓаните.

Воведени се повеќе технички мерки за подобрување на динамиката на решавање на предметите, преку тимовите формирани да постапуваат по барањата за легализација, кои се составени од вработени во општината и дополнително ангажирани волонтери.

Градоначалникот Тони Трајковски ја нагласи важноста од навремено добивање на информациите за легализација на дивоградбите, бидејќи дивоградбите се третираат како кривично дело , и секоја информација за постапката за регуларно и целосно спроведување на процесот на легализација може да ја добијат кај вработените во општината. Тој ги подели решенијата и одговараше на прашања од граѓаните.