Македонија

Нови 9 парцели во новата населба „Јака“ ставени на продажба

Нови 9 парцели во новата населба „Јака“ ставени на продажба

Нови 9 парцели во елитната населба „Јака“, во општина Илинден се ставени на продажба. Пријавата за учество на електронското јавно наддавање за новите парцели со намена за изградба на станбени куќи, можат да се достават до 29 август.

На веб страницата на општината се наоѓа табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, намената на парцелите поединечно, вкупната површина на градежната парцела, површина предвидена за градење, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по метри квадратни, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до петок до 16 часо