Македонија

Нови автобуски постојки на ул. „Лука Геров“ во Ново Село

Нови автобуски постојки на ул. „Лука Геров“ во Ново Село

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Градот Скопје, деновиве ги  изградија новите автобуска постојки на улица Лука Геров, кај  спортската сала на ОУ „Тихомир Милошевски“ во нас. Ново Село, општина Ѓорче Петров.

За изградба на автобуските постојки изведено е проширување на двете страни на коловозот со машински ископи на земјан материјал, поставен е тампонски слој и два слоја  асфалтна маса (тип БНС22 и БНС 16), од кои првиот слој е со дебелина од 7 см, а вториот од 5 см, односно нанесени се вкупно 103 тони асфалт.

Едната автобуска постојка е на површина од 175 квадратни метри, долга е 50 метри и широка 3,5 метри, а другата е на површина од 130 кавадратни метри, долга е 37 метри и широка 3,5 метри.

На двете постојки се изградени и тротоари во должина од 50 метри и 37 метри и широчина од 1,5 метри.

Во текот на денешниов ден екипи на ЈП „Улици и патишта“ на постојките ќе постават и сливници за одведување на атмосферските води.

 

За реализација на овој проект Градот Скопје од буџетот издвои околу 500 000 денари.