Нови автопатишта, пруги, евтини авиолетови- илјадници успешни проекти на Јанакиески

Голем број инфраструктурни проекти се реализирани во изминатиот девет годишен мандат на Миле Јанакиески, како министер за транспорт и врски, пишува Лидер.

Изградба на автопатишта, експресни патишта, реконструкција и изградба на неколку стотици регионални и магистрални патишта, изградба и реконструкција на аеродромот Александар Велики и Свети Апостол Павле, субвенции за евтини летови до Европа, изградба на околу илјада државни станоци за социјални категории, набавка на автобуси за градски превоз, почеток на изградба на гасоводен систем, реконструкција на железнички пруги, набавка на вагони. Ова се само мал дел од проектите кои ги реализираше Миле Јанакиески во своето деветгодишно раководење со ресорот транспорт и врски.

Проектите ќе продолжат да се реализираат и по неговото заминување од министерската функција.

Јанакиески беше еден од најактивните министри во досегашното владеење на премиерот Никола Груевски кој со реализација на илјадници проекти успеа да создаде огромен раст на градежништвото, авиоиндустријата и патниот и железнички сообраќај.

“Јанакиески Направи крупни реформи во ресорот кој го раководеше и ќе остане запаметен и меѓу вработените и меѓу фелата кој на почетокот гледаше на него со резерва пред се заради младоста и ненаметливоста, но многу брзо разбраа дека имаат министер кој е голем работник, пријателски настроен кон секого, исклучително стручен и со огромна волја за помош и развој на градежништвото, патниот транспортот, авиотранспортот, железничкиот транспорт, телекомуникациите и сите други ингеренции кои беа под негова надлежност. Истовремено и стратег и голем оперативец, министер кој создаде и остава зад себе многу дела, многу проекти и многу реформи. Растот на градежништвото во неговите мандати беше предводник на целокупниот раст на целата економија. За многу крупни проекти, како што се градбата на аеродромите, автопатиштата, регионалните, локалните патишта, водоводи, канализации, жичарница, плажи, конкуренцијата и намалувањето на цените во телефонијата и многу други, стои неговиот труд и дело рече Груевски вчера во Собранието.

Кај изградбата на автопатишта, еден од најголемите капитални проекти кој почна да се реализира под палката на Јанакиески е изградбата на автопатска делница Демир Капија–Смоквица , а тука се и делниците од Миладиновци (Скопје) – Штип, од Кичево-Охрид кои се еден од најголемите проекти во понивата историја на државата. Останува исто така да се заврши рехабилитацијата на автопатот од Велес-Катланово. Од реализираните проекти во изминатите девет години се изградбата на автопатот Табановце -Куманово, рехабилитација на автопатот Катланово-Велес, Обиколницата на Скопје. Како дел од реализираните проекти се и изградбата и реконструкцијата на дваесетина регионални патни правци низ државата лкако што е Обиколницата во Охрид, Радовиш-Струмица, од Гевгелија до ски центарот Кожуф и многу други. Во делот на локални патишта беа изградени и реконструирани над 350 делници во во должина од 690 км, во вкупна вредност од околу 3,5 милијарди денари.

Во деветогишниот мандат на Јанакиески беа изградени и санирани десетина мостови, санирани дваесетина свлечишта и осветлени 17 клучки и делници на државни патишта.
Во дел од проектите кои се започнати и кои треба да се реализираат допрва се и изградбата на експресен пат од Градско преку Росоман и Дреново , реконструкција и рехабилитација делницата Велес- Штип до Кадрифаково, изградба на регионален пат од Скопје до Сончев Град и реконструкција на уште 15 регионални и магистрални делници низ државата.

Во железничкиот сообраќај меѓу реализираните проекти во деветгодишното раководење на ресорот од страна на Јанкиески изградена е жичарницата од Средно Водно до Милениумски крст. Направен е ремонт на железничката делница Табановце Куманово, а за железничката пруга од Коридорот 8 до границата со Бугаријаи границата со Албанија направени се физибилити студии за оправданост и проценкла на влијанието врз животната средина. Беа реновирани два дизел моторни возови за патнички превоз, како и 10 вагони за патнички превоз. Граѓаните добија билети за бесплатно патување на стари лица, млади до 27 години, попусти за студенти валитетен железнички патнички превоз.Беа набавени 150 вагони од различни типови за товарен превоз. Во моментов се работи на рехабилитација на делница Куманово-Бељаковце, а се работи и на изградба на нова пруга и рехабилитација на постојните инфраструктурни објекти на делницата Бељаковце-Крива Пaланка. На железничкиот коридор 10 пак направен е ремонт на делница Ногаевци до Неготино, потоа ремонт со реконструкција на делницата Битола-Кременица. Еден од проектите е и рехабилитација и надградба на железничката станица која треба да заврши до крајот на летово, а тука е и реконструкцијата на поголемите железнички станици низ државата.

Голем број на капитални проекти беа реализирани и во делот на авоисообраќајот и аеродромската инфраструктура. Тука во прв ред е комплетното реновирање и доизградба на аеродромот Александар Велики во Скопје, како и аеродромот „Св.Апостол Павле” – Охрид. Македонските граѓани добија евтини летови до повеќе европски дестибнаци преку проектот за сижубвенционирање на нови авиолинии. Во тек се подготовките за изградба на нов карго-аеродром во Штип, како и воспоставување на национален авио превозник.

Кај станбената градба како дел од проектот за домување на социјално ранливи групи, млади брачни двојки, самохрани родители, инвалиди се изградени се над 800 стана низ државата. Започната изградба е и на уште неколку стотици станови низ дрќавата по истите основи.

Од проектите кои што оставија печат од раководењето на Јанакиески со ресотрот транспорт и врски е изградбата на Националната арена „Филип II Македонски “.
Кај комуналната инфраструктура пак добро познати ни се новите уредени плажи на Дојранско Езеро, на Преспанско Езеро и на Охридско Езеро.

Еден од претпознатливите проекти кој му даде посебен печат на Скопје е и набавката на 200 новопроизведени двокатни автобуси, 80 нископодни автобуси, 16 минибуси и 17 нископодни двокатни автобуси од отворен тип за панорамско разгледување.

Кај гасификацијата на Македонија на почетокот на годинава започна започна изградбата гасоводот во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.