четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Нови бегалци на грчките острови

Патролени брод на Фронтекс синоќа спаси 43 бегалци од Егејското Морето југоисточно од островот Самос, додека во областа дувале силни ветрови.

Поврзани вести

Во последните четири дена на грчките острови пристигнале вкупно 273 мигранти и бегалци. На Самос дошле 158, на Лезбос 111, а на островот Хиос четворица мигранти.

Според грчката полиција, бројот на лица кои бараат азил и се заглавени на островите во Егејското Море денеска достигна 11.372 мигранти, односно 5.324 на Лезбос, 4.126 на Хиос и 1.922 на Самос.

Најчитани вести