Нови бегалци пристигнуваат на Хиос

Во изминатите три дена на Хиос пристигнале 230 мигранти и бегалци, на Лезбос 42, а на Самос се регистрирани 54 нови лица.

Грчката полиција соопшти дека бројот на мигранти и бегалци кои бараат азил во Грција и се уште се заглавени на грчките острови, денеска достигна 10.585 лица.