Нови четири случаи на западнонилска треска во Грција

Четири нови случаи на западнонилска треска беа регистрирани оваа недела во Грција, јавија грчки медуми, додавајќи дека се потврдени прогнозите на експертите за можна појава на оваа зараза.

Случаите се констарирани во регионот на Арголида и Аркадија, на полуостровот Пелопонес.

Според извештајот на Центарот за контрола и превенција на болестите досега во Грција биле регистрирани вкупно 24 случаи, од кои четири се утврдени оваа недела.

Освен во Грција, болеста, која се пренесува преку касање од комарец е откриена и во Израел (четири случаи), Италија (еден), Србија (два) и Романија (еден).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.