Нови читални за младите во Струмица, Аеродром и Велес

Нови читални ќе се градат во Струмица, Аеродром и Велес. Ова е еден од петте проекти наменети за млади луѓе кои денес ги најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Проектот ќе го спроведува Министерството за образование и наука кое ќе обезбеди работа на читалните секој ден во неделата. Читалните ќе бидат со капацитет од 100-150 места и ќе има 10 компјутери на располагање за читателите.

Читалната во Струмица, рече Груевски, е навистина потребна бидејќи во овој град има 670 редовни и 1.200 вонредни студенти. Предвидено е читалната да биде лоцирана во Центарот за култура.

Општина Аеродром е избрана како општина со голем број на млада популација, а во Велес има над 600 студенти и дисперзирани студии.

Овој проект ќе се реализира во јануари 2017-та година, а до тогаш ќе течат подготвителните активности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.