Нови дела од академик Витомир Митевски:„ Античката философија и нејзиното влијание“

Во рамките на десеттомната едиција посветена на  Античката философија и нејзиното влијание од академик Витомир Митевски, во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излегоа од печат првите две книги

Во првата книга авторот ја обработува темата за почетоците на западната филозофија (претсократовци), а втората книга е научно монографско издание посветено на делото на Сократ.

Според  Витомир Митевски, основната идеја на едицијата е да понуди сеопфатен поглед на темелните вредности на античката философија. Притоа во овие книги се презентира она што на еден  субјективен план е најзначајно и кое извршило силно влијание врз развојните историски процеси и философски текови.