Нови детали: Браќата Куаши убивале со балканско оружје

Терористичката криза во Франција и понатаму останува топ тема во светските медиуми и сега, по убиството на четирите главни протагонисти во случајот.

Имено, француската полиција привела пет луѓе поради постоењето на сомнеж за нивна поврзаност со терористичките напади во Париз и околината, а францускиот обвинител Францис Молинс открил дека терористите, кои што се виновни за смртта на вкупно 17 луѓе во Франција во изминатите два дена, користеле “AK-47” оружје, кое што, најверојатно потекнува од Балканот.

a

Милиони автоматски пушки од војните, како оние во Хрватска, Босна и Херцеговина и на Косово, биле украдени, продадени и предадени на клиенти во јужниот дел на Европа, а голем дел од тоа оружје завршило во Франција, објавува ”Gunpolicy.org”.

Проценето е дека во Франција постојат од 10 до 20 милиони парчиња илегално оружје, а тоа таму, како и во целата Европска Унија, може да се однесе по неговото купување од Балканот. Така, додека во одредени земји за “AK-47” треба да се плати и по 1.000 евра, калашников во Албанија може да се купи за 50 евра, пишува ”International Business Times”.

a1

Во меѓувреме, верскиот водич на Ал Каеда на Арапскиот полуостров, на кој што се повикувале и напаѓачите на францускиот неделник ”Charlie Hebdo”, се заканил со нови напади во видеото објавено од страна на американскиот Центар за следење на исламистичките интернет страници.

“Нема да бидете сигурни додека се борите против Алах и неговите борци, како и против верниците”, изјавил верскиот претставник Харит Ал Надхари според транскриптот на објавеното видео. Тој сепак не рекол дали нападот во Париз е изведен во името на Ал Каеда.

a3

“Војниците кои што го штитат Алах и Неговите борци дојдоа помеѓу вас. Тие не се плашат од смртта, туку бараат мачеништво во името на Алах”, рекол Ал Надхари, говорејќи за Шеиф и Саид Куаши, браќата терористи кои што го изведоа нападот над сатиричниот весник, убивајќи 12 лица.

Во телефонскиот повик до телевизиската куќа ”BFMTV”, еден од двајцата напаѓачи, Шериф Куаши, изјавил дека во Франција го испратила Ал Каеда од Јемен, која и го финансира.

“Мене, Шериф Куаши, ме испрати Ал Каеда од Јемен. Бев таму и ме финансираше Анвар Ал Авлаки”, изјавил еден од двајцата браќа извршители на крвавиот напад, во рамките на повикот од зградата во која заедно со неговиот брат тој држел еден заложник, непосредно пред елитните полициски единици да упаднат во зградата на печатницата, пресметувајќи се со напаѓачите.

A

Влијателниот исламист Ал Авлаки, кој што регрутирал доброволци за Ал Каеда, бил убиен во 2011 година, во напад со беспилотно летало, дрон. Висок јеменски безбедносен извор претходно потврдил за агенцијата ”Reuters” дека и Саид Куаши остварил средба со Авлаки во текот на неговиот престој во Јемен во 2011 година.