Нови детали: Најдено УСБ со прислушувани разговори кај осомничен од групата на Чауш

На УСБ најдено кај еден од осомничените кај кои беше извршен претрес биле пронајдени прислушувани разговори, дознава Press24 од извори во истрагата.

Истите извори не ја исклучуваат можноста со овие разговори да биле уценувани бизнисмени низ државата и разни луѓе од јавниот живот.

Претрес, како што дознава Press24 бил извршен и во ќелијата на Чауш во Идризово. Таму биле принајдени и одземени два телефонски апарати. Истрагата дополнително ќе утврдува со кого комуницирал Чауш додека бил во затвор.

Јавноста веќе знае дека во моментот на приведувањето на Чауш пред неколку месеци постоела комуникација со Зоран Заев и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.