Нови детали од убиството на Ракоњац: Убиецот оставил ДНК

До убиецот на поранешниот телохранител на Жељко Ражљатовиќ Аркан, водат трагите пронајдени на три места, дознава српски „Блиц“.

Во истрагата за убиството на Раде Ракоњац се пронајдени ДНК траги на чаурите испукани пред кафичот „Марики“, на јанката на сопственикот на украдениот „алфа ромео“ и на церадата на возилото од кое убијците ги украле табличките.

„ДНК трагите се на вештачење во Националниот криминалистичко- технички центар во Министерството за внатрешни работи. Очекуваме резултати кои ќе можат брзо да доведат утврдување на идентитетот на убиецот“, рекол соговорник на „Блиц“.

Убиството на Ракоњац, како што се наведува, на втори април е изведено во класичен мафијашки стил, но убиецот, судејќи по досега собраните докази, не биле целосно професионални.

Освен ДНК зад себе оставиле и видео снимка од злосторството, но и снимка од палењето на автомобилот со кој што се возеле, како и телефонските разговори кои што се водени преку специјални броеви, кои што се откриени со прегледот на базните станици.