Нoви детали за двојното убиство во Козле

Нови детали за двојното убиство во Козле – со по еден куршум во главата биле убиени турските државјани, поала обдукцијата на мајката и синот кои вчера беа убиени додека биле на гости кај сватовите во Скопје.

Полицијата проверува со каков вид на пиштол е стрелано кон убиените преку вештачење на една чаура која е најдена на местото надвојното убиство во Козле.

По телото и околу устата на убиениот Самет С. од Бурса имало и траги од бел прав сличен на брашно, потврдија за Телма добро упатени извори. Таква порака се остава во гангстерски пресметки кога се работи за бизнис со дрога. Најдениот прав исто така е даден на вештачење, објави Телма.

Официјално ниту од полицијата ниту од обвинителството не прецизираат дали случајот е поврзан со можен шверц на дрога. Убиените не поминуваат ниту низ крим-евиденцијата на МВР ниту низ потерниците распишани преку Интерпол.

Од МВР чекаат одговор од турската полиција за минатото на убиените кои се од Бурса. Кратко одговараат дека на убиството во Козле се работи интензивно. Неколкумина биле подложени на детектор на лаги за да се утврди дали имаат можни сознанија за извршителот и за мотивите за двојното убиство.

На разговор во полиција биле повикани и роднините на убиените кои живееле во Скопје.

На жртвите не им е првпат да доаѓаат во Скопје. Убиениот бил зет на сопственикот на куќата кој вчера рано наутро ги нашол турските гости убиени во соба на долниот кат во куќата на Козле.

Никој ништо не слушнал, а вратата на куќата била отворена. Ќерката на сопственикот која му е сопруга на убиениот Самет спиела на катот кај родителите. Убиецот влегол и ги ликвидирал 52-годишната жена и нејзиниот син и си заминал без да ги забележи никој во мирното соседство на улица Козле 3.

Видеото погледнете го на Телма

 

 

Мајката и синот биле убиени со по еден куршум во главата од огнено оружје, кое најверојатно имало пригушувач.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.