Нови детали за момчето кое направи масакр во Конетикат, опседнат со масовни убиства

Во извештајот на 44 страници е опишана неговата соба, планирањето на нападот, но и покрај долгата истрага, вели државниот обвинител Стивен Седенски, мотивот за масакрот се’ уште не е откриен.

Неговата соба во домот во Њутаун, каде живеел со мајка си исто така негова жртва, била полна со игри со убиства и пукање, а тој бил опседнат со компјутерски игри. Прозорците биле облепени со црни ќеси за отпад.

Британски „Дејли Меил“ пишува дека истрагата покажала  дека Адам Ланза имал огромен табеларен список долг два и широк еден метар, во кој имало детално истражување за масовни убијци од минатото, па дури и обиди за убиства. Се претпоставува дека списокот бил изработуван со години.

Извор за весникот вели дека огромниот список всушност била „табела со резултати“ и дека Ланза, инаку страстен гејмер, се надевал дека неговиот напад ќе му овозможи неговото име да се најде на врвот на листата на убијци.

„Тој не бил еден од оние момци што се му било преку глава и веќе не можел да издржи. Тој го планирал тоа,“ изјавил Седенски.

„Дејли Меил“ пишува дека младиот убиец, кој подоцна си пресуди, одбивал да зема лекови за психичките проблеми кои ги имал и дека со мајка си комуницирал само преку електорнска пошта, иако живееле во иста куќа.

Ланза прво со неколку куршуми ја убил мајка си Ненси, а потоа отишол во основното училиште во Сенди Хок и со два пиштоли и уби 26 лица, меѓу кои 20 деца на возраст од пет до десет години. Според истрагата уште не е јасно зошто тој го одбрал токму тоа училиште, но се претпоставува е поради тоа што било најблиску до неговиот дом.

Инспекторите имаат богато досие, со изјави, ДНК тестови, фотографии, дијаграми и анализи, но и покрај се’, не можат да го утврдат мотивот за трагедијата. Знаат само дека тој бил опседнат со насилни игри и оружје.

Вознемирувачки е што полицијата во неговата соба пронашла и фотокопиран весник од 1981 година во кој пишува за масакр во основно училиште, од каде се претпоставува дека ја добил и идејата за крвавиот инцидент. Пронајдени се и други исечоци од весници поврзани со убиства.

Тој за Божиќ од мајка си требал да добие пушка, а првично беше соопштено дека таа го научила да пука.  Во неговата соба, а низ целата куќа било пронајдено оружје.

Бил чуден и специфичен, јадел само одредена храна, ни пиел алкохол, не се дрогирал, не сакал да слави роденден, ниту пак мајка си и дозволувал за ја декорира куќата за Божиќ. Соучениците го опишуваа  како пореметен чудак кој се однесувал аутистично. Поранешните наставници тврдат дека се работи за многу интелигентно момче кое никогаш не покажувало знаци на насилство.

Масакрот се случи на 14-ти декември 2012-та.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.