Нови детали за мртвиот човек на „Партизанска“

Човекот што утрово лежеше мртов на тротоар на булеварот „Партизански одреди“ починал од природна смрт.

Како што информираат од МВР, на телото на починатиот немало траги на насилство, било утврдено дека станува збор за природна смрт, па затоа истото нема да биде предадено на обдукција.

Од МВР велат дека телото на починатиот веднаш ќе му биде предадено на семејството за погреб.

Инаку, утрово околу 8 часот сестра од Итна медицинска помош пријавила во полиција дека мртов маж лежи на тротоарот во близина на Партизанска. Повеќе за ова на следниот линк.