Нови детали за пукањето во Белград

Тамара Родиќ, која утринава беше ранета од нејзиниот сопруг Душан Родиќ на Нови Белград, се наоѓа во стабилна состојба, и во овој момент сѐ укажува на тоа дека ќе ја преживее раната на стомакот и ногата.

Според достапните информации, Тамара има опасна прострелна рана на стомакоти во моментов се наоѓа во болница. Според првичните прогнози нејзиниот живот во овој момент не е во опасност. Нејзиниот сопруг Душан кој си пукаше во главата, се наоѓа на Ургнетниот цента и сѐ уште е во тешка состојба.

Полицијата врши увид на автомобилот во кој се возеле.

Крвавиот злочин се случил утринава на аголот на улицата „Душан Вуксановиќ“ околу 08:30 часот. Душан два пати пукал во сопругата, па потоа си пукал и себеси во главата.