Нови детали за убиството во Ѓорче – Насер го држел ножот со кој беше убиен Ангел

Во кривичниот суд вчера се изведуваа доказите на обвинителството во судскиот процес против Насер Ештрефи обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски од Ѓорче. Одбраната побара ново невропсихијатриско вештачење, тоа е еден од многуте докази, објави Алфа.

Осум сведоци, вработени во полицијата кои на лице место правеа увид по убиството, соседи на семејството Петковски, ама и таткото на починатото момче се дел од доказите со кои одбраната ќе докажува дека убиството е сторено поради нужна самоодбрана.

Во судницата беше покажан стапот со кој таткото на Анѓел, Сашо Петковски, го удирал обвинетиот Насер Ештрефи. За адвокатот на семејството Петковски  се е јасно, ножот бил во рацете на Ештрефи, објави Алфа.

Одбраната побара, а судот треба да одлучи дали ќе дозволи второ невропсихијатриско вештачење врз обвинетиот. Во судницата настана вербална расправија помеѓу одбраната и обвинителството околу законитоста на евентуалното ново вештачење.

Адвокатот на Ештрефи бара „еднаквост на оружјата“, а обвинителството почитување на законот според кој можно е дополнување на првото, но не и второ психијатриско мислење, пренесе Алфа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.