Нови фито-анализи за извоз на вино

Семинарот е на тема „Лабораториски услуги на Државната фитосанитарна лабораторија за анализа на грозје, шира, шира во ферментација и завршено вино (суво, полусуво и слатко) согласно законската регулатива на Република Македонија”.

Семинарот се одржува во соработка со „ЛАБЕНА ДООЕЛ – Скопје“, застапник на FOSS компанијата производител на инструменти во областа на биотехнологија за храна, и со Здружението на винари на Република Македонија, а ќе го отвори директорката на Државната фитосанитарна лабораторија Сузана Кратовалиева.