Инвестиции во здравството: 33 милиони евра за медицински апарати и опрема

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес промовира нови, значајни мерка во здравството.

Тој го објави планот за набавка на опреми во поголемите градови и болници.

-Во Скопје опфаќајќи го Клиничкиот центар, општите болници, здравствените домови, специјалните болници, заводите и институтите ќе бидат обезбедени нови 1318 медицински апарати, со проценета вредност од околу 13 милиони и 500 илјади евра. Во Битола опфаќајки ја Клиничката болница, здравствениот дом и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас ќе бидат обезбедени 149 нови апарати  во вкупна вредност од 1.230.000 евра меѓу кој дигитален ренген апарат, трансректална сонда за биопсија на простата, модерен апарат за ехографија со кардилошка и конвексна сонда, како и стоматолошки ренген апарат панорамикс и голем број на други апарати. Во Тетово опфаќајки ја Клиничката болница, Здравствениот дом и специјалната болница за белодробни заболувања Лешок ќе бидат обезбедени 290 нови апарати во вредност од 2.041.900 евра меѓу кој што и дигитален апарат за флуороскопија, дигитален ренген апарат графија, ресектоскоп за ендоскопски столб, како и 55 електрични болнички кревети и голем број на потребни апарати, истакна Груевски.

Лидерот на владејачката партија откри дека во Штип опфаќајќи ја Клиничката болница, здравствениот дом, и Медицинскиот факултет ќе бидат обезбедени 252 апарата во вредност од 2.116.300 евра, меѓу кој ренген апарат за скопија со тв ланец, преносен ренген апарат, апарат за ехографија со колор доплер, апарат за ехографија со ректална сонда, апарат за електро мионеурографија, апарат за анестезија и голем број на други потребни медицински апарати.

-Во Охрид опфаќајки ја општата болница, специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо, Заводот за превенција лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања и здравствениот дом ќе бидат обезбедени 496 нови медицински апарати со проценета вредност од 3.028.000 евра меѓу кој најсовремен операционен стол, пенданти за интензивна нега, плазма стерилизатор, апарат за ехографија 4Д, апарат за анестезија,  апарат за дијализа, хируршки инструменти за гинеколошки операции, транспортен респиратор, абдоминална и трансректална ултразвучна сонда, прирачен автоклав како и голем број на други неопходни медицински апарати. Во Прилеп опфаќајки ја Општата болница и здравствениот дом ќе се набават 161 медицински апарати со проценета вредност од 1.214.000 евра, меѓу кој два нови автоклави, два апарати за анестезија, биполарен ресектоскоп, апарат за ехографија со кардилошка и линеарна сонда, хируршки механизми, апарат со лапароскопија, апарат за ехографија на абдомен, столб за лапароскопија, како и нов доплер за крвни садови и многу други апарати, рече Груевски.

Груевски ја информира јавноста дека во Кавадарци во општата болница и здравствениот дом ќе бидат обезбедени 58 нови апарати во вкупна вредност од 865.000 евра меѓу кој анестезиолошки апарат, два автоклави, ултрасонографски апарат со 4 вида сонди, апарат за ехографија со 4 вида доплер, колор доплер сонограф, плазма стерилизатор, апарат за колоноскопија, три нови инкубатори и голем број други медицински апарати.

-Во Струмица, во општата болница и здравствениот дом ќе бидат обезбедени 125 нови медицински апарати со проценета вредност од 987.000 евра меѓу кој апарат за остеопороза, два нови автоклави, лапароскопски столб за абдоменални операции, апарат за електромиографија, фако апарат за операција на катаракта, оперативен мобилен стол, два плазма стерилизатори, доплер на каротиди и вертебрални артерии, апарат за ехографија со кардиолошка и конвексна сонда, апарат за ехографија со две сонди и голем број на други апарати.  Во општатата болница и здравствениот дом во Велес, како и во специјалната болница во Јасеново ќе се обезбедат 80 нови медицински апарати во вредност од 921.000 евра меѓу кој апарат за анестезија, два нови респиратори, автоклав, централна мониторинг станица за мерење на витални функции, апарат електомиографија, апарат за ехографија со секторска и конвексна сонда, апарат за видео колоноскопија и голем број други апарати. Во општата болница во Кочани ќе инвестираме во набавка на 39 нови медицински апарати во вредност од 477.000 евра меѓу кој апарат за ехографија, апарат за абдоменална сонда за надоградба на постоечкото кардилошко ехо, апарат за траснкранијална магнетна стимулација, автоклав, нови дефибрилатори и голем број на други апарати. Во општата болница и здравствениот дом во Куманово ќе инвестираме во157 нови апарати во вредност од 902.000 евра, меѓу кој дигитален рендген апарат, два апрати за гастроскопија, апарат за ехографија со три сонди, апарат за колоноскопија, три нови автоклави, два апарати за анестезија, плазма стерилизатор, оперативен микроскоп, апарат за ехографија и апарат за ехографија на абдомен, и голем број на други потребни медицински апарати, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во општата болница и здравствениот дом во Гевгелија ќе се обезбедат нови 49 апарати во вредност од 421.000 евра меѓу кој дигитален рендген апарат, апарат за ултразвучна дијагностика, апарат имунилошки анализатор, нов плазма стерилизатор, апарат за електро енцефалографија, хематолошки бројач и друг вид на апарати.

-Во општата болница и здравствен дом во Гостивар обезбедуваме 88 нови апарати во вредност од 785.000 евра меѓу кој дигитален рендген апарат, нов плазма стерилизатор, анестезиолошки апарат, апарат за електромиографија, апарати за ехографија, ултразвучен доплер за екстремитети, апарат за електроенцефалографија,  и многу други апарати. Во општата болница и здравствен дом во Кичево обезбедуваме 74 нови апарати во вредност од 540.000 евра меѓу кој дигитален рендген апарат, апарат за анестезија, апарат за ехографија со 4 сонди, апарат за колоноскопија, нов плазма стерилизатор и голем број на други современи медицински апарати. Во општата болница, здавствениот дом во Струга и во заводот за нефрологија ќе набавиме нови 111 парчиња опрема во вредност од 943.000 евра меѓу кој апарат за анестезија, столб за лапароскопска ендоскопска хирургија, апарат за дијагностика за бурег и крвни садови, апарат за бронхоскопија, апарат за ехографија со кардиолошка сонда, апарат за колпоскопија, три 12 канални ЕКГ апарат, три хируршки апсиратори и голем број на други апарати, вели Груевски.

Во Дебар, опфаќајки ја општата болница и здравствениот дом ќе бидат набавение 43 нови медицински апарати во вредност од 374.000 евра меѓу кој апарат за ултразвук, колор доплер ехо апарат со абдоменална и кардиолошка сонда и апарат за ехографија и апарат за ендоскопија.

-Во здравствениот дом во Радовиш ќе набавиме 9 нови апарати во вредност од 89.000 евра меѓу кој и имунолошки анализатор, медицински периметар, нови ЕКГ апарати кои се 12 канални, нов дефибрилатор, нов апарат за спирометрија, апарат за риноманометрија и други медицински апарати. Во здравствениот дом во Берово ќе се набават 6 нови медицински апарати во вкупна вредност од 76.000 евра меѓу кој апарат за ехографија со кардиолошка.линеарна и конвексна сонда, компјутерски периметар, два холтер апарати за мерење на екг и крвен притисок, хематолошки бројач,  како и нов апарат за спирометрија, а нова опрема во вредност од 33.000 евра ќе набавиме и во здравствениот дом во Делчево меѓу кој флексибилен риноларингоскоп и апарат за елекроенцефалографија. Во Здравствениот дом во Крива Паланка ќе набавиме 13 нови апарати во вредност од 125.000 евра меѓу кој апарат колор доплер на крвни садови ж, апарат за ехографија со 2 сонди, апарат за гастроколоноскопија, нов хематолошки бројач, компјутерски авторефрактометар, дефибрилатор, апарат за спирометрија и други медицински потребни апарати. Во здравствениот дом Маврово и Ростуше ќе се набави медицинска опрема во вкупна вредност од 130.500 евра, меѓу кој дигитален ренген апарат за мамографија, апарат за ехокардиографија, апарат за биохемиска анализа, хематолошки бројач, холтер апарат за мерење на крвен притисок и други апарати, открива Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ информира и дека во Ресен, опфаќајки го здравствениот дом и Заводот за рехабилитација на белодробни заболувања во Отешево ќе се набават вкупно 33 медицински апарати во вредност од 148.000 евра, меѓу кој апарат за дезитометрија, хематолошки бројач, апарат за криотерапија, дерматоскоп, апарат за ехографија, апарат за ринометрија, како и абдоменална сонда и многу други.

Груевски потенцира дека нови апарати ќе има и во сите останати здравствените домови во државата како што се здравствените домови во Валандово, Вевчани, Виница, Демир Хисар, Кратово, Крушево, Липково, Македонски брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип и Свети Николе  меѓу која опрема се и апарати за ехографија на срце и крвни садови, апарати за ехографија со три вида сонди, апарат за доплер за крвни садови, апарат за гастроколоноскопија, дигитален мамограф, биохемиски и имунолошки анализатор, преносни ЕКГ апарати  и голем број на други апарати во делот на здравството.

-Оваа голема набавка ќе ја спроведеме преку повеќегодишни набавки во следните 4 години, но очекуваме дека бенефитот ќе се почувствува веднаш по обезбедувањето и ставањето во функција на апаратите, со што самите граѓани ќе почувствуваат унапредување и во квалитетот и во достапноста на здравствените услуги.  Дополнително со секој покомплексен апарат ќе следи и обука за користење обезбедена од производителот и доколку има потреба и подолга обука обезбедена од Министерството за здравство и од Владата на РМ. Јас набројав само стотина од предвидените 3700 апарати кои наскоро при промоцијата на новата програма ќе ги објавиме. Со набавката на ваквата опрема Македонија ќе отиде значаен чекор понапред во здравството. За секој апарат имаме прецизни рокови и средства со кои што ќе биде набавен. И сето ова ќе биде дел од нашата нова програма. 33 милиони евра само за околу 3700 нови медицински апарати и опрема. Плус многу други видови инвестиции во здравството нема да изостанат. Напоменувам дека денес свесно фокусот го ставаме само на еден сегмент во здравството, а тоа се опремата и апаратите, порача Груевски.

Тој истакна дека ова е придонес за подобра Македонија.

-Граѓаните знаат дека ние нашиот збор го остваруваме и дека може да ни веруваат. Заедно ќе направиме многу повеќе. Нашата борба за напредок во секое поле продолжува. На овие избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу оние кои даваат лажни и нереални ветувања, кои шират манипулации, деструкција и секој ден се натпреваруваат во тоа која поголема лага и невистина ќе ја објават, и нам кому граѓаните може да ни веруваат, кои имаме програма, цел и принципи до кои се држиме. Но и минат труд кој е гаранција дека ќе оствариме многу повеќе. Затоа нашата визија е патот за напредок. Заедничкиот пат за нашата Македонија, заклучи Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.