ТОП,Македонија

Нови инвестиции за развој на туризмот во Струга, продолжува проектот за бесплатно летување на  децата од семејствата со социјален ризик

Нови инвестиции за развој на туризмот во Струга, продолжува проектот за бесплатно летување на  децата од семејствата со социјален ризик

Вчерашната посета на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на струшкиот крај беше означена со увид и најава за нови инфраструктурни вложувања кои ќе придонесат за дополнителен развој на туризмот. Отвореното ракометно игралиште кај „Женска плажа“ во Струга доби нова трибина, со попратни простории како соблекувални и посебни простории за спортски делегати и судии.

Новата трибина и таа старата што беше над 2.300, истакна Груевски.

Северната трибина собираше околу 800 гледачи, старата јужна собираше околу 200-250. Сегашниот капацитет околу 1.500 гледачи со подтрибински простор за да ги добијат спортистите оние услови кои се најпотребни за да се подготват пред самиот турнир, посочи Боковски.

Директорот на Елем Дејан Боковски најави дека наскоро ќе биде обновен и самиот терен со специјална подлога, со цел игралиштето да ги исполни предвидените меѓународни стандарди за одржување официјални спортски натпревари, каков што е Меѓународниот ракометен турнир со традиција од 44 години.

Некаде кон почетокот на мај беше завршено и ние како Елем планираме за следната сезона да ја обновиме и новата подлога која постои тука, истакна Боковски.

Груевски најави три нови инвестиции во спортска инфраструктура, што според директорот на АМС ќе започнат со реализација наредните месеци, ново тениско игралиште, а најдоцна до септември и посебно повеќенаменско игралиште на песок во Струга, како и повеќенаменско игралиште во Ложани.

Ќе има повеќенаменско игралиште за одбојка, фудбал и ракомет на песок. Димензиите ќе бидат исто како на повеќенаменските, 40х20, но на песок не на асфалт. Единечен тениски терен на „Женска плажа“ во Струга и повеќенаменско игралиште во Ложани, истакна Марјан Спасески, директор на АМС.

Добро е кошовите да се заменат, рече Груевски.


Елем во рамките на извршување на улогата на општествено одговорна компанија веќе инвестираше и го стави во употреба кампот Ливадиште, а најавија и нови инвестиции за наредниот период.

Веќе е преголем интересот за кампот. Уште првиот ден кога се отвори имаше над 200 туристи. И овој камп ќе ја продолжи сезоната и ќе ги збогати содржините за општина Струга и овој дел од крајбрежјето. Планираме инвестиции, веќе во последните две години имаме вложени повеќе од 250.000 евра на доопремување и средување на сето она што беше уништено. За следната сезона заземаме поголеми активности, со идејното решение за да може да се постават бунгалови, потенцираше Боковски.


Груевски, заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ги посетија и дечињата на детското одморалиште „25 Мај“ во Струга. Таму престојува третата група од 200 деца од Скопје, Велес, Штип, Крива Паланка и Кавадарци, кои бесплатно летуваат на Охридското Езеро во рамки на проектот реализиран од страна на ресорното Министерство.

Согласно програмата, за оваа летна туристичка сезона предвидено е да се реализираат вкупно десет смени, односно во одмаралиштето во Струга да одмораат вкупно две илјади деца од социјално загрозените семејства и ранливите категории.