вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 54

Нови избори веднаш, во согласност со Уставот

Ако мандатарот не направи влада, мора да се распишат нови избори, затоа што Уставот не трпи интерпретации во смисла да се бира нов мандатар, или пак, да се оддолжува рокот за избор на влада.

StefanVlahovMitcov

Последни вести

 

Во последните 25 години нашиот Устав личи на пачавра. Да не зборуваме за Законите. Во Велика Британија на пример, не се менуваат закони дури по неколку векови, а за корекција на Уставот никој не размислува ни на сон. Во Македонија, Уставот е преплавен со амандмани, глупости и контроверзи.

НЕЗАВИСНО ОД ТОА, ЗА ИЗБОРОТ НА ВЛАДА ЧЛЕН 90 Е ДЕЦИДЕН:

„МАНДАТАРОТ ВО РОК ОД 20 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ДОВЕРУВАНЕТО НА МАНДАТОТ, НА СОБРАНИЕТО МУ ПОДНЕСУВА ПРОГРАМА И ГО ПРЕДЛАГА СОСТАВОТ НА ВЛАДАТА. ВЛАДАТА НА ПРЕДЛОГ НА МАНДАТАРОТ И ВРЗ ОСНОВА НА ПРОГРАМАТА, ЈА ИЗБИРА СОБРАНИЕТО, СО МНОЗИНСТВО ГЛАСОВИ ОД ВКУПНИОТ БРОЈ ПРАТЕНИЦИ“.

Тука завршува текстот за изборот, а следниот член 91 е за ингеренциите на избраната Влада.

Со еден збор, АКО МАНДАТАРОТ НЕ НАПРАВИ ВЛАДА, МОРА ДА СЕ РАСПИШАТ НОВИ ИЗБОРИ, ЗАТОА ШТО, УСТАВОТ НЕ ТРПИ ИНТЕРПРЕТАЦИИ ВО СМИСЛА ДА СЕ БИРА НОВ МАНДАТАР, ИЛИ ПАК, ДА СЕ ОДДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ИЗБОР НА ВЛАДА.

ЗАТОА СЕКОИ ОБИДИ ЗА ИНТЕРПРЕТАЦИИ И ДОПОЛНУВАЊА НА УСТАВОТ СЕ ГРУБО НЕГОВО КРШЕЊЕ.

ЗАТОА И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА НЕ СМЕЕ ДА ПОДЛЕГНЕ НА КАКВИ И ДА СЕ ПРИТИСОЦИ, ДА ДАДЕ ДРУГ МАНДАТ И СО ТОА ДА СЕ ПРОДЛАБОЧИ КРИЗАТА. ТУКУ МОРА ВЕДНАШ ДА СЕ ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ.

Единствено позитивно во Македонија од 11 декември до денес е дека конечно ВМРО-ДПМНЕ најде храброст да се спротивстави на западно-албанското сценарио преку албанската платформа да биде уништена Македонија. Тоа го стори со задоцнување т.е. во последната минута пред Апокалипсата за македонската држава и народ.

НО, СЕПАК ГО НАПРАВИ. ЗА ПРВ ПАТ ТАА ПАРТИЈА ГО ОДРЖА ДАДЕНИОТ ЗБОР (ОД 17 ДЕКЕМВРИ) ВО ОДНОС НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ. ОТТУКА НАТАМУ, МОРА ДА СЕ ОДИ САМО НАПРЕД КОЛКУ И ДА ЧИНИ ТОА.

Изборите од 11 декември мора да и бидат поука на ВМРО-ДПМНЕ како не треба да се прави изборна кампања.

КОГА БАРАШ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА, МОРА ДА ОБРАЗЛОЗИШ ШТО ЌЕ ПРАВИШ, ДОКОЛКУ ЈА ДОБИЕШ. КРАТКО, ЈАСНО, КОНКРЕТНО СО 20-30 РЕЧЕНИЦИ, А НЕ СО ПРОГРАМА ОД 500 СТРАНИЦИ, КАДЕШТО СЕ ГУБИ ПОЕНТАТА. МАКЕДОНИЈА Е ОПКРУЖЕНА ОД НЕПРИЈАТЕЛИ. ЗАТОА МОРА ЈАСНО ДА СЕ ОДЛУЧИ ЧИЈА ВОЛЈА ЌЕ СЕ ИСПОЛНУВА – НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИЛИ НА СТРАНСКИОТ ФАКТОР. НЕМОЖЕ ДА СЕ БАЛАНСИРА МЕЃУ ЕДНОТО И ДРУГОТО, ДА СЕ СЕДИ НА ДВЕ СТОЛИЦИ. КОГА БАРАШ СÈ, МОРА И ДА ДАДЕШ СÈ НА ОНОЈ ОД КОГО БАРАШ. ДОДВОРУВАЊЕТО НА СТРАНСКИОТ ФАКТОР НИ ГО ДОНЕСЕ РАМКОВНИОТ ДОГОВОР, ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПОДЕЛБА, ПРЖИНСКИОТ ДОГОВОР. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БЕШЕ ПРОТИВ ТИЕ ОДЛУКИ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ, КАКО И ПРОТИВ ДАВАЊЕТО НА НАШЕТО НЕБО НА НАТО ЗА ВОЈНАТА ПРОТИВ СРБИЈА, ПРОТИВ ДАВАЊЕТО НА 150 ИЛЈАДИ ДРЖАВЈАНСТВА НА АЛБАНЦИ, ПРОТИВ ПРИЗНАВАЊЕТО НА КОСОВО. ПОЛИТИЧАРИТЕ ГИ ДОНЕСОА ТИЕ ОДЛУКИ ПРОТИВ НАРОДОТ, А БОЖЕМ СЕ КОЛНАТ ВО НЕГО И БАРАТ ПОДДРШКА.

ВРЕМЕТО РАЗДЕЛНО ВЕЌЕ ДОЈДЕ. ИЛИ ЌЕ БИДЕШ ДОКРАЈ СО НАРОДОТ ИЛИ СИ ПРОТИВ НЕГО. ОПОЗИЦИЈАТА ОДАМНА ОДЛУЧИ ДА БИДЕ ПРОТИВ МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА. СЕГА Е РЕДОТ НА ВМРО-ДПМНЕ. ДА БИДЕШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗНАЧИ:

Прво, ако ветиш нешто треба и да се оствари ветеното т.е. ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ПРАВИ КОАЛИЦИЈА СО НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА ДОКОЛКУ ГО ДОБИЕ АПСОЛУТНО МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО ИЛИ ПАК, МОЖЕ ДА КОАЛИЦИРА САМО СО ПАРТИИ, КОИ СЕ ПРОТИВ МЕНУВАЊЕ НА УНИТАРНИОТ КАРАКТЕР НА ДРЖАВАТА, ДВОЈАЗИЧНОСТ, КАНТОНИЗАЦИЈА, ПРОТИВ МЕНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И УСТАВ.

Второ, да ветиш и да го оствариш ветеното дека СИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ БИДАТ УАПСЕНИ, ДАДЕНИ НА СУД, ПРАТЕНИ ВО ЗАТВОР, А НИВНАТА СОПСТВЕНОСТ КОНФИСКУВАНА.

Трето, ЌЕ БИДАТ ЗАБРАНЕТИ СО ЗАКОН СИТЕ СОРОСОВИ И ОСТАНАТИТЕ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА, КОИ ДОБИВААТ ПАРИ ЗА УРИВАЊЕ НА ДРЖАВАТА И ЌЕ ИМ БИДАТ КОНФИСКУВАНИ НИВНИТЕ РЕСУРСИ.

Четврто, ЌЕ ИМ БИДЕ ЗАБРАНЕТО НА СИТЕ СТРАНСКИ ФАКТОРИ ДА СЕ МЕШАТ ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА – ДА СЕ ПОЧНЕ ОД ЕУ И НАТО, ПА ДА СЕ СТИГНЕ ДО СТРАНСКИТЕ АМБАСАДОРИ.

Петто, ЌЕ БИДАТ ДАДЕНИ НА СУД И ЌЕ БИДАТ ПРАТЕНИ ВО ЗАТВОР СИТЕ КРИМИНАЛЦИ ВО ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНИ, НЕЗАВИСНО ОД ПАРТИСКАТА, ЕТНИЧКА И РЕЛИГИОЗНА ПРИПАДНОСТ.

Шесто, ИТНО ДА СЕ СПРОВЕДЕ ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, А РЕЗУЛТАТОТ ОД ТОЈ ПОПИС ЌЕ СЕ ДЕФИНИРА КАКО ЗАКОНСКИ ОДНОС НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА КОН МАЛЦИНСТВАТА.

Седмо, ВО ОДНОС НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ДРЖАВАТА ЌЕ БАРА ЦВРСТИ ГАРАНЦИИ КАКО ЗА БРОЈОТ ОТВОРЕНИ РАБОТНИ МЕСТА, ТАКА И ЗА РОКОТ НА ВРАБОТУВАЊЕ, ТРАЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ ДЕН И СООДНОСОТ НА ПЛАТИТЕ.

Осмо, ЗА СИТЕ ВАЖНИ ОДЛУКИ ВО НАДВОРЕШНАТА И ВНАТРЕШНАТА ПОЛИТИКА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ НА РЕФЕРЕНДУМ.

Девето, АГИТАЦИЈАТА ЗА НОВИТЕ ИЗБОРИ МОЖЕ ДА СЕ ВОДИ ПОД МОТОТО: „ДА ЈА ВРАТИМЕ МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ КОЛОСЕК“.

Дел од овие предлози ги промовирав пред изборите на 11 декември. Меѓутоа, во нив имаше уште еден – пратениците во Собранието да земат плати колку што е просечната во Македонија, а не три пати повеќе како досега. Затоа што, пратеникот не е три пати позаслужен и попаметен од „обичниот“ граѓанин. Глас во пустина. Само што ножот е во нашите коски И ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ИМ ДОЗВОЛИМЕ ИТРУВАЊЕ И ПОИГРУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ СО НАС.

МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА! – ИЛИ ЌЕ БИДЕТЕ ВО СМЕТОТ НА ИСТОРИЈАТА!

Најчитани вести