Нови израелски удари врз Газа

Радикална салафитска организација објави на Твитер дека презема одговорност за трите ракети испукани кон Израел од Појасот Газа.

Израел возврати со најмалку три воздушни удари уништувајќи два тренинг кампа на исламистите од Хамас како и на еден на Исламски џихад.

Ракетните удари врз Израел се втори за една недела, пренесува МИА.

Групата која презеде одговорност за ракетите се нарекува Бригадите Омар, и наведе дека вчерашниот напад е одговор за убиство на приврзаник на Исламска држава од страна на Хамас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.