Нови командири во неколку полициски станици во Скопје

Нови командири се поставени во неколку полициски станици во Скопје, а направени се и промени во заменички места во повеќе полициски станици, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од денеска во полициските станици Центар, Карпош, Аеродром, Бит Пазар, именувани се новите командири Игор Јаковлевски, Роберт Петрушевски, Орце Јовановски и Рустеми Мохамет.

Исто така промени има и во заменичките места во полициските станици Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром и Гази Баба, така што за нови помошници командири се поставени Нафи Абдула, Митре Цветановски, Блажо Јованов и Игор Ристов.