Нови контроли на УЈП во угостителски објекти низ Полог

Во акциската контрола што беше спроведена синоќа во 16 објекти низ Полошко (9 во Тетово и 7 во Гостивар) во девет се откриени повеќе неправилности во работењето. Според информациите на СВР Тетово, чии службеници учествувале во акцијата, акцијата е продолжение на вчерашната во која беа контролирани 12 угостителски објекти, пренесува МИА.

Кај четири од гостиварските угостители, инспекторите на УЈП и Пазарната инспекција констатирале недостатоци и неправилности во финансиското работење и почитувањето на законите. Ним им се изречени глоби во висина од 750 до 3.500 евра, а на еден објект му е изречена забрана за работа. При контролите утврдено е дека два објекти не работеле.

Во Тетово, во пет објекти е констатирано прекршување на законите, по што на правните лица им се изречени глоби во висина од 750 до 5.000 евра. Во еден од локалите биле затекнати и две странски државјанки кои го злоупотребиле престојот во Република Македонија и работеле не пријавено. На шестмина тетовци ќе им се изречени поединечени глоби за пушење во угостителски објект.

Во претходната акциска контрола во десет угостителски објекти низ Полошко, биле откриени повеќе неправилности во работењето.