Нови кривични за бесправно сечење дрвa

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “Злоупотреба на службена положба и овластување“,полициската станица од Кичево против В.В. (58) и В.Ќ. (41) двајцата од Скопје поднесе кривична пријава.

Со пријавата опфатени се и Р.С.(35) од селото Трапчин Дол за кривичните дела “Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Пустошење на шума“ како и правниот субјект  ДООЕЛ „Сула-06“ поврзано со кривичното дело „Пустошење на шума“.

На први април минатата година, пријавениот ВВ. во Скопје, во својство на советник во Секторот за шумарство и ловство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја злоупотребил својата службена положба со пречекорување на границите на своите овластувања.

Тој спротивно на Законот за шуми го задолжил правното лице ,,ИНТЕЛ КОНСТ“ од Скопје каде управител е пријавената В.Ќ. со еден кочан со испратници за испорака, дотур и  транспорт на огревни дрва без да се увери дека фирмата не е запишана во Регистарот за правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти што се води во надлежното министерство. На тој начин В.В. на наведената фирма и овозможил да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 415.250,00 денари. Истата постапка, пријавениот В.В. ја сторил и на први септември минатата година но овојпат со правното „Сула-06“ каде управител е пријавениот Р.С. кога спротивно на Законот за шуми го задолжил правното лице ,,СУЛА 06“ со два кочани со испратници  за испорака, дотур и  транспорт на огревни дрва без да се увери дека фирмата не е запишана во Регистарот за правни лица кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти што се води во надлежното министерство. Со тоа на наведената фирма и овозможил да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 423.000,00 денари.

Кон крајот на септември минатата година, второпријавената В.Ќ. како управител во правното лице ,ИНТЕЛ КОНСТ“ ја искористила службената положба со пречекорување на своите овластувања. Таа изготвила шест фиктивни испратни- ци во кои внесла лажни податоци за испорака на вкупно 200 метри просторни  огревни дрва од фирмата ,,ИНТЕЛ КОНСТ“ за фирмата ,,СУЛА 06“ од селото Трапчин Дол-кичевско. Тоа го направила иако знаеле дека дрвата воопшто не биле испорачани а потоа ги заверила со свој потпис и со службен печат. Со оваа нелегална постапка, пријавената В.Ќ. на фирмата ,,СУЛА 06“  и овозможила да ги легализира бесправно посечените 200 метри просторни  огревни дрва и да се стекне со противправна имотна корист.

Третопријавениот Р.С. со намера да се стекне со противправна имотна  корист со присвојување на туѓи подвижни предмети, спротивно на пропис од надлежен орган извршил пустошење на шумите на локацијата „Тајмишка Шума“. Тој, од шуми во државна сопственост бесправно  пресекол 200 метри просторни дабови и букови огревни дрва а потоа ја злоупотребил службената положба на управител  во правното лице ,,СУЛА 06“ и сторил пречекорување на своите овластувања на начин што за бесправно посечените огревни дрва изготвил шеснаесет фиктивни испратницикои ги заверил со свој потпис и со службен печат. Со цел да го сокрие нивното потекло, Р.С. нежигосани ги транспортирал до купувачот ЈП „Комуналец“-Кичево, со кого претходно имале склучен писмен договор за јавна набавка на огревно дрво и на тој начин се стекнал со имотна корист во вкупен износ од 423.000,00 денари. На посочената локација, државен инспектор за шумарство и ловство извршил теренски увид за што бил изготвен записник за констатирана состојба.